Ретро Рецензии

TETRIS

Тетрис ( од руски: Тéтрис) е puzzle видео игра создадена од советскиот софтверски инженер Алексеј Пајитнов во 1984 година. Објавена е од неколку компании за повеќе платформи, најмногу за време на целата мешаницата околу спорот за тоа на кому му припаѓаат правата на играта и неможноста на Алексеј (креаторот) да ја лиценцира истата. По одреден период играта е објавена од Нинтендо, а правата му беа вратени на Пајитнов во 1996 година, кој ја основаше компанијата Тетрис заедно со Хенк Роџерс кој му помогна во управувањето на целата постапка со лиценцирањето.

Скриншот од самата игра за NES

Gameplay

Во тетрис, играчите ги комплетираат линиите со поместување на парчиња со различна форма (тетромино), кои се спуштаат на полето за играње. Пополнетите линии исчезнуваат и му даваат поени на играчот, и играчот продолжува да ги пополнува празните места се додека не се исполни цел екран. Играта завршува кога полето за играње е целосно пополнето! Колку подолго играчот може да го одложи овој исход, толку повисок ќе биде нивниот резултат. Во игрите со повеќе играчи (multiplayer), играчите мора да истраат подолго од нивните противници, во одредени верзии, играчите можат да нанесат казни на противниците со завршување на значителен број на линии. Некои адаптации обезбедија и различни варијации на самата тематика на играта, како што се тридимензионални графики и слично.

Скриншот од самата игра за NES

Играта е креирана на едноставни правила и притоа си бара одредена интелигенција и вештина. Тетрис се етаблира како една од најдобрите рани видео игри. До декември 2011 година, продадена е во 202 милиони копии – приближно 70 милиони физички единици и 132 милиони платени игри за мобилни телефони – што ја прави една од најпродаваните франшизи за видео игри на сите времиња. Верзијата Game Boy е една од најпродаваните игри на сите времиња, со повеќе од 35 милиони продадени копии. Тетрис е достапен на преку 65 платформи, поставувајќи гинисов светски рекорд за за игра со најмногу портови за различни системи. Тетрисот е вкоренет во популарната култура и неговата популарност се протега надвор од сферата на видео игрите, денес сликите од самата играта имаат влијание врз архитектурата, музиката, косплејот и слично, што само по себе говори колку оваа игра е популарна 38 години подоцна. Играта исто така беше предмет на различни истражувачки студии кои ја анализираа нејзината теоретска сложеност и го покажаа нејзиниот позитивен ефект врз човечкиот мозок, и од многу истражувачи беше прогласена како добра алатка за развивање на моторните и когнитивни способоности кај луѓето кои ја играат.

Интересен факт е тоа дека познатата почетна тематската песна за играта потекнува од руска народна песна од 1800-тите години. Песната се вика „Korobeiniki“ и се работи за уличен продавач, кој се обидува да заведе жена, додека се расправаат за цената на неговите производи.

Според неформални информации што сум ги читал по форуми, конкретно за GameBoy верзијата, резултат од над 200.000 поени се смета за респектабилно достигнување, па ако ја поседувате играта и конзолата пробајте се и видете до каде може да стигнете. 🙂

Патем секоја година се одржуваат натпревари во Тетрис, и морам да признаам дека се навистина интересни за гледање, во прилог ќе прикачам некои видеа од поинтересните мементи. Уживајте! 🙂