BLACK TIGER
Автор: Бојан
„Black tiger“ на Capcom е една од многуте аркадни игри со мрачна фантазија и варварска тема од доцните 80-ти, несомнено инспирирана од филмот „Conan the barbarian“ и многуте фантастични филмови што биле во мода во тоа време. Вие го контролирате истоимениот Black tiger, мускулест воин со огромна сила, додека тој патува низ осум нивоа и ги победува трите змејови кои го мачат кралството. Чудно, играта се нарекува „Црн змеј“ во Јапонија, префрлајќи ја титулата на главниот непријател наместо на херојот, иако не е јасно зошто – можеби „тигарот“ едноставно звучеше поизразено? Имаше придобивка што имаше сличен наслов на Tiger Road, друга акциона игра од Capcom објавена истата година, иако таа има повеќе тема за боречки вештини.
Во доцните 80-ти, roleplay игрите беа актуелни во Јапонија благодарение на популарноста на Dragon Quest, па така некои аркадни игри се обидоа да ги спојат овие елементи во нив. Во случајот на Black tiger, тоа значи собирање пари од паднатите непријатели, како и ковчези со богатства и кршливи тегли. Ова го означува првото појавување на валутата „зени“, повторно употребена во многу подоцнежни игри на Capcom, вклучувајќи ги „Forgotten Worlds“, „Breath of Fire“ и Mega Man Legends. Самиот збор потекнува од „zenny“, стар јапонски термин за пари.
Елементите на RPG се прилично интересни, барем во тоа како даваат дополнителна корисност и приспособување на добрите карактеристики што ги добивате, но одредени елементи не се толку добро обмислени. Има временско ограничување за да се спречи преголемо истражување или талкање наоколу, што е во ред, со оглед на тоа што сепак е аркадна игра, но местата каде се купуваат предмети, исчезнуваат откако ќе ги посетите , така што вие сте прилично на милост и немилост кога играта сака да ви ги подели. Ако само ви недостасува да го добиете предметот што го сакате, не можете само да заминете назад, да соберете доволно пари и да се вратите – едноставно немате среќа.
Како и со многу други игри од Capcom ерата, Black Tiger е доста тешка. Непријателите се немилосрдни, бидејќи се појавуваат насекаде во форми на орки, мумии, демони и други суштества. Нивоата се исто така исполнети со различни видови на замки како на пример растенија што јадат луѓе скриени под земјата и камења кои паѓаат речиси од никаде. Последните нивоа се особено тешки затоа што ќе ве убијат целосно, дури и ако го имате најсилниот оклоп. Ако сте внимателни или сте ги запомниле фазите, можете да ги избегнете повеќето од нив, но сепак и тоа е предизвик. Јапонската верзија е всушност потешка, гледајќи на тоа колку повеќе камења паѓаат а и некои boss битки се потешки, доколку во Американската верзија е направено така што некои удари од непријателите можат да бидат избегнати.
Главната причина зошто оваа игра не е толку многу тешка како Ghosts ‘n Goblins е тоа што контролните пунктови или checkpoints се всушност исклучително чести. Босовите ќе ви постават предизвик, но и тие не се премногу тешки кога ќе ги откриете нивните слабости. Можеби ќе ви бидат потребни повеќе кредити, но со доволно упорност, можете да стигнете до крајот. Сепак, босовите се прилично разочарувачки. Има само неколку од нив, кои се повторуваат во текот на играта, особено последнита против Црниот змеј, имајќи предвид дека претходно сте се бореле со две инкарнации кои се речиси идентични, единствената разлика е во тоа што тој може да добие повеќе удари од сите други.
Според стандардите од 1987 година, графиката и звукот на Black Tiger се прилично добри. Дури и денес, графиката е споредлива со она што би го виделе на GBA. Графиките се шарени, а различните средини и непријатели имаат многу детали. Едно нешто што недостасува се детали во позадината. Бидејќи позадините воопшто не се детални (има некои нивоа кои имаат само црна позадина), изгледа дека елементите во преден план се „залепени“. Претпоставувам дека тоа било најдоброто што можеле да го направат од Capcom во тоа време. Звукот е чист звук на видеоигри од 1980 година – звучните ефекти се добри, но музиката (и некои ефекти исто така) имаат прилично слаб квалитет. Меѓутоа, за тоа време, оваа игра беше врвна.
Контролите во Black tiger се состои од џојстик со 8 насоки, копче за скокање и копче за напад. Во играта се чуствува многу мало задоцнување кога притискате на копчињата, но штом ќе се навикнете, не е толку лошо, но ако сте нов играч, дефинитивно ќе го почувствувате тој „lag“.
Black tiger е забавна и има многу висок фактор за повторување. Дури и кога ќе го победите последниот змеј и ќе ја завршите играта, постои голем поттик да се вратите низ играта поради бројните скриени предмети кои не сте ги пронашле предходно. Иако Black tiger не беше голема во светот на аркадните игри, таа сеуште стои како одлична игра од 80 тите. Изненаден сум што не видовме верзија на Game Boy Advance или Game Boy Color, но верувам дека би била одлична handheld игра.