Ретро Рецензии

Cadillacs and Dinosaurs

Најиграна и сугурно најраспространета аркадна игра кај нас несомнено беше Cadillacs and Dinosaurs или по наше “Мустафа”. 🙂

Ехх, само колку време се минуваше на оваа игра и секако врвот беше да се истера целата само со еден жетон, бидејќи кај нас поените и не беа толку важни, важно беше колку ти дале од дома џепарлак и колку жетони може да си дозволиш, така да некои од децата во тоа време имаа совладано вештини и со право можеа да се наречат вистински мајстори!

Cadillacs and Dinosaurs, објавена е во Јапонија како Cadillacs Kyouryuu Shinseiki (Kyadirakkusu Kyōryū Shinseiki), е и аркадна игра од 1993 година. Станува збор за side-scrolling beat ’em up врз основа на серијата стрипови Xenozoic Tales. Играта беше произведена во паралела со краткотрајната анимирана серија Кадилак и диносауруси која беше емитувана истата година кога беше објавена играта. Подоцна било планирано да се издаде и верзија на Capcom Power System Changer, но истата никогаш не беше објавена.

Gameplay

До три играчи можат да играат одеднаш, водејќи ги нивните избрани ликови низ осум фази, борејќи се со различни непријатели и шефови. Има четири ликови кои може да се играат, секој со свои силни и слаби страни: Џек (урамнотежен тип), Хана (тип на вештина), Мустафа (тип на брзина) и Мес (тип на моќност). Разни диносауруси на играта се појавуваат како неутрални ликови кои можат да ги нападнат ликовите на играчите но исто така и непријателите.

Скриншот од самата игра

Играчите имаат пристап до неколку видови на напади. Секој лик има два посебни потези, вклучително и оној што го намалува здравјето на ликот при контакт со непријател и кога двајца или повеќе играчи играат заедно, тие можат да предизвикаат тимски напад. Играчите исто така можат да најдат и користат различни огнени оружја, фрлајќи оружја како камења и експлозиви и оружја за навалица како што се палки.

Кога играчот губи следува одбројување, еден од големите негативци држи пиштол на лицето на играчот кој губи во прво лице, исмевајќи го играчот со изреки како „Јади олово, душо!“. Освен ако играта не продолжи во одбројување од 20 секунди, лошиот пука со пиштолот, што доведува до завршување на играта.

Скриншот од самата игра

Најинтересни моменти ми биле кога ќе играат двајца играчи, еден поискусен а другиот и не толку, и како овај поискусниот му дава совети на другиот како да игра или едноставно како му се дере ако направи некоја грешка, хехехе трауми за некого може биле флиперниците, што знам? 🙂

Како и да е, оваа игра сигурно има добар co-op и во секој случај беше вистинско уживање да се игра, посебно моментот кога го возите кадилакот и рушите се пред себе.

Приказната на играта започнува во 26 век, кога одредена банда наречена Black Marketeers почнува да ги лови диносаурусите за да им служат на нивната непозната злобна цел. Постојаниот процес на лов ги прави диносаурусите насилни и тие почнуваат да напаѓаат села и луѓе. Четирите горе наведени херои, се здружуваат и се решени да ја сопрат бандата во остварувањето на нивната цел.

Скриншот од самата игра

Приемот на играта беше одличен! Истата доби многу позитивни критики и котираше високо на листите за игри низ целиот свет. Но, едно е сигурно кај нас, неофицијално беше најпопуларна игра многу години по ред и денес истата буди само позитивни сеќавања и некоја моментална желба повторно да биде изиграна.