Ретро Рецензии

PANG

Како што и претходно споменавме покрај The King of Fighters скоро и да немаше маалска флиперница без да има некоја од верзиите на Pang играта.

Мене лично ми е една од најомилените аркадни игри која и ден денес си имам навика од време на време да седнам и да ја поиграм малку. 🙂

Оригиналното име на оваа игра е Buster Bros и е објавена во Јапонија како Pomping World, додека на останатите пазари е познатака како Pang.

Станува збор за акциона игра од 1989 година издадена од Mitchell Corporation за аркадната серија во 1989 година. И всушност таа беше десеттата игра издадена за аркадните машини на CP System на Capcom.

Основната игра е идентична со многу постарата јапонска компјутерска игра за MSX од 1983 година наречена Cannon Ball ( во Европа објавена во 1983 година на ZX Spectrum како Bubble Buster). Cannon Ball беше направена од јапонските издавачи Hudson Soft, а беше лиценцирана од Mitchell Corporation шест години подоцна која всушност го креира Pаng.

Самиот гејмплеј е едноставен. Во играта, играчите мора да ја завршат потрагата низ светот за да ги уништат скокачките балони кои тероризираат неколку знаменитости и градови на Земјата. Борбата за спас на Земјата започнува на планината Фуџи, Јапонија, каде играчите мора да ги поминат сите три фази пред да се префрлат на следната локација.

Конкретно има 50 нивоа на 17 локации: планината Фуџи, планината Кеирин, Храмот на Емералд Буда, Ангкор Ват, Ајерс Рок, Таџ Махал, Ленинград, Париз, Лондон, Барселона, Атина, Египет, планината Килиманџаро, Њујорк, урнатините на Маите , Антарктикот и конечно Велигденскиот остров.

Секоја локација има уникатна позадина која ги прикажува најпознатите знаменитости на областа. Фазите содржат различен распоред на блокови, некои што исчезнуваат откако ќе бидат застрелани, а други пак не, додека третите се скриени и можат да откријат одредени бонуси.

Screenshot from Pang World

Аркадната игра беше хит во Јапонија, и имаше успешен прием и во Северна Америка. Во Хонг Конг, конверзијата на оваа игра беше со најголема заработка во јануари 1990 година.

Покрај сите успеси овој наслов доби и високи оценки и разни награди од реноминирани списанија:

  • Commodore User, со 8 од 10.
  • Верзијата ZX Spectrum, насловена како Pang, беше наградена со 94% во февруари 1991 година во изданието на Your Sinclair и беше ставена на 74-то место во „Твојот Sinclair официјални топ 100“.
  • Amiga Power беа уште поентузијасти, наведувајќи ја како 11-та најдобра игра досега на нивната почетна листа Топ 100, објавена со Amiga Format во април 1991 година како преглед на списанието.

Тоа значи дека имаше многу конверзии на оваа игра за различни платформи, сите наслови на Pang, беа објавени низ Европа од Ocean Software во 1990 година за: ZX Spectrum, Commodore 64, Amstrad CPC, Amiga и Atari ST.

Серија на верзии од играта:
Pomping World aka. Pang, Buster Bros. (1989)
Super Pang aka. Super Buster Bros. (1990)
Pang 3 aka. Buster Buddies (1995)
Mighty! Pang (2000)
Pang Mobile (2009)
Pang: Magical Michael (2010)
Pang Adventures (2016)
Pangman (VR) (2020)