Three Wonders – Аркадна игра (3 во 1)
Three Wonders (познати како Wonder 3 во Јапонија) е аркадна игра направена од Capcom издадена во 1991 година. Како што кажува насловот на играта, Three Wonders се всушност три аркадни игри спакувани во еден наслов кои ги прикажуваат авантурите на хобитите Лу и Сива. Three Wonders е исто така вклученa во Vol. 2 од Capcom Classics Collection за PlayStation 2 и Xbox и Capcom Arcade 2nd Stadium на PlayStation 5, Xbox Series X и Nintendo Switch.
Првата игра е Midnight Wanderers (platformer), акциона игра каде Лу и Сива се впуштаат во авантура за да ја пронајдат магичната кочија, патувајќи низ прекрасен пејзаж исполнет со опасности. Играчот го контролира хобитот по име Лу и неговиот придружник на патувањето Сива, тие во основа трчаат, но може да се качуваат и да пукаат во непријателите. Пријателката на Лу, Сена, е претворена во статуа од Гаја, шефот (boss) на играта, а целта на играчот е да види дека таа е вратена во нејзината човечка форма.
Втората игра е Chariot (shoot’em up), игра со пукање што го носи дуото на небото во борба со непријателите кои имаат способност да летаат високо. Самата игра ги прикажува Лу и Сива во форма на Градиус. Приказната е конзистентна со тематиката на Midnight Wanderers, бидејќи Лу и Сива ја користат Кочијата добиена на крајот од споменатата игра. Крајниот шеф е Лар, кој е претпоставен на Гаја, и тие мора да ја спасат принцезата која Лар ја има затворено.
И третата игра е со име Don’t Pull (puzzle game) – игра со загатки која е сосема различна од другите две игри што може да се изберат. Слично на игрите како Eggerland и Pengo. Самиот гејмплеј вклучува розово зајаче по име Дон и верверица наречена Pull, тие туркаат коцки и на тој начин се борат против различните непријатели.
Оваа игра беше доста застапена во ‘флиперниците’ кај нас, и сите ние што сме оделе и играле таму ни е добро позната. Играта изобилува со одлична графика, самите илустрации се професионално изработени, со посебни внимание посветено на деталите. Целиот свет е навистина добро имагинативно замислен и е претставен како една магична целина во која уживате додека играте. Физиката и самиот гемплеј е добар, а и ликовите имаат одлични движења и ефекти кога се користат најразлични оружја. Игрите сами по себе не се особено тешки и се релативно кратки, што пак придонесува уште повеќе да се восхитувате на визуелниот приказ кој го нудат истите. Музиката е прилично добро адаптирана за секое ниво и успешно го доловува моменталниот амбиент. Лично мене ми е една од поубавите аркадни игри и често знам од време на време да ја поминам целата (по кој знае кој пат.) 🙂