Хардвер

Зошто ретро игрите изгледаат подобро на CRT телевизор?

Во минатото ретро конзолите беа правени спрема тогашната технологија, односно адаптирани да работат оптимално на CRT телевизори. Е сега, кој имаше дома телевизор со SCART или Composite приклучок тој живеел во луксуз, 🙂 Најчесто телевизорите кои ги имавме по дома во крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите беа само со RF приклучок кој во споредба со другите дава далеку полош квалитет на видео сигналот.

Денес CRT технологијата е застарена и најчесто завршува во отпад или кај нас на огласи каде што се продаваат овие “обични” телевизори стари 20+ години по неколку илјади денари, ама ајде да не ја “тупиме” многу околу тоа. 🙂

Прашањето што се наметнува е зошто старите игри/системи не изгледаат толку добро на новите flat телевизори?

Ретро игрите или системите не се дизајнирани за модерни телевизори кои имаат голема густина на пиксели.
Главната причина зошто ретро игрите не изгледаат одлично на модерните телевизори се сведува на проблемот со пикселите; за неупатените, модерните екрани се составени од пиксели – поединечни „точки“ кои, кога се комбинираат заедно, и со тоа ги формираат сликите што ги гледате на вашиот телевизор.

На пример: Резолуцијата од 1080p се однесува на дисплеи кои прикажуваат 1.920 х 1.080 пиксели (хоризонтално/вертикално). 4K, од друга страна се однесува на 3.840 х 2.160 пиксели. Иако има многу повеќе пиксели на 4K екран отколку на 1080p (8.294.400 наспроти 2.073.600), овие екрани имаат едноставно премногу пиксели за првично дизајнираните ретро игри.

За споредба да ги земеме The Legend of Zelda или Metroid за NES кои се прекрасни 8-битни уметнички дела и се прикажуваат на 256 х 240 пиксели, односно на сигнал 480i. Таа резолуција изгледа одлично на постарите телевизори, овие CRT всушност немаат пиксели, туку „линии“. Телевизорот го зема сигналот од конзолата за игри и го прикажува една по една линија во исто време.

Но, кога ќе земете сигнал од 256 x 240 и ќе го поврзете со телевизор од 1080p или 4K, работите стануваат малку…заматени. Бидејќи конзолата испушта помалку пиксели од екранот на кој е поврзан, вашиот телевизор треба да ја зголеми таа слика за правилно да ја прикаже. Тоа вклучува земање на пикселите од сигналот на ретро конзолата и играта и нивно развлекување за да се вклопат во многу попроширената мрежа на пиксели на вашиот телевизор. Ова зголемување на резолуцијата резултира со заматен, помалку дефиниран изглед од предвидениот, ова е воочливо особено ако играте игри за кои се сеќавате дека изгледале одлично на CRT телевизор.

Запомнете, сликите што ги гледате на CRT екранот всушност се поделени на куп хоризонтални линии. 240 хоризонтални линии, всушност, се само половина од можноста што ја обезбедуваат овие телевизори. Така, наместо да ја компресира сликата надолу, телевизорот ја прескокнува секоја друга линија, поставувајќи празен простор помеѓу секоја линија од вашата игра, позната и како преплетување (што е „i“ во сигналот 480i). Тоа резултира со „scanlines“ и игра голема улога во давањето на тој специфичен специфичен изглед на ретро игрите.

Патем, сите CRT не се исти! Постојат различни опции за поврзување (како што споменав на почетокот ), и тие се важни за тоа како вашиот телевизор го прикажува сигналот од вашата конзола. Компонентното видео е најбараното, тоа користи три приклучоци, еден за видео и два за аудио.

Ако најдете телевизор што нема ваков приклучок, проверете дали има барем S-Video, кое нуди среден квалитет помеѓу другите два типа на поврзување или пак SCART, како најдобра опција од сите.

Додека се фокусираме на изгледот или приказот на ретро игрите, има уште една голема предност за користење на CRT телевизорите, а тоа е влезно задоцнување на сигналот, или ( да се појасни ) недостатокот на истиот. Современите телевизори, по својата природа, имаат одредено доцнење во влезниот сигнал. Тоа значи, кога ќе притиснете копче на контролорот, има мало доцнење пред дејството да се изврши на екранот. Со CRT, нема влезно задоцнување, бидејќи технологијата на екранот е доволно едноставна за моментално да реагира на вашите влезови.

Најчести поставувани прашања во Ретротека групата поврзани со оваа тема биле каков CRT телевизор да се одбере за ретро гејминг?

Воглавно сите постари телевизори се слични, ретко со голо око може да се видат некои разлики. Ако само сакате да уживате во ретро игри без да се замарате со разни спецификации скоро секој CRT ќе ви брка работа. Гледајте да има што повеќе влезови на располагање: композит, скарт итн. Екранот пожелно е да биде заоблен, да подржува PAL и NTSC сигнал, да има исправно далечинско и тоа би било тоа (на кратко). Што се однесува до брендовите на времето најдобри беа јапонските, но секако и европските беа многу добри како: Philips, Grunding, итн.

Додека пак CRT моделите со рамен екран, е тие имаат проблем со геометријата или со начинот на кој се прикажува сликата. Истата може да биде дисторзирана, а тоа најмногу се приметува на постари игри каде што се појавува ефект на неправилно закривување на сликата. На пример, сликата на врвот од екранот може да биде поширока, а најдолу потесна! Но овој ефект не значи дека се појавува кај сите телевизори со рамен екран, но тука може да прави проблем и високиот refresh rate кои некои модели го имаат, поради овие причини ваквите телевизори најчесто се избегнуваат за ретро гејминг.

На крајот на денот, не ви треба ништо посебно за да уживате во ретро игрите. На крајот на краиштата, сепак е истата игра, без разлика дали ќе ја прикачите на идеалниот дисплеј или ќе ја играте на хардверот што веќе го имате. Меѓутоа, ако сакате да го максимизирате тоа искуство, добро е да знаете на кратко како стојат работите поврзани со ова прашање.