Новости

GoldenEye на Xbox или Switch?

Покрај многуте гласини дека класикот GoldenEye на N64 ќе добие ремастер верзија за Switch, на крајот како што се одвиваат нештата делува дека истата ќе биде достапна “само” како дигитална верзија за Xbox конзолите.

Според првобитните шпекулации верзијата за Switch требаше да има подобрена графика, мултиплејер опција и слично, додека верзијата за Xbox ќе биде само дигитално ре-издание.

Колку од сето ова ќе се реализира во 2022 година останува да се види, но во секој случај оваа игра заслужува во најмала мера барем да има дигитална верзија за која и да е од модерните системи.