Новости

Amico на Intellivision пред работ од бездната?

По стапките на останатите компании така и Intellivision си ја пробува среќата со нови производи, но работите за нив не се одвиваат во посакуваниот правец.

Долго одложуваниот систем за ретро игри Amico на Intellivision нема да биде достапен наскоро како што се очекуваше. Компанијата вели дека нема доволно пари за да ја произведат конзолата во доволен број. Intellivision го претстави Amico во 2018 година, рече дека ќе пристигне две години подоцна и собра милиони од луѓето кои вложија (повратен) депозит од 100 долари.

Оттогаш, Intellivision се соочува со една катастрофа по друга и сè уште нема индикации кога Amico ќе биде достапен. Сепак, за да се реализира конзолата конечно, на компанијата и требаат пари!

Intellivision го откри својот најнов план за да собере средства на почетокот на оваа година, преку апликација за која се вели дека го споделува искуството на Amico преку уредите кои користат Android и iOS. Апликацијата Amico Home дебитираше во бета верзија на Android оваа недела и во најмала рака истата е бизарна.

За да користите Amico Home, најверојатно ќе ви требаат најмалку два телефони или таблети со Android, или по еден од секој. Едниот ја прикажува играта, а вие го користите другиот како контролер (алтернативно, можете да користите „вистински Amico контролер“). Ако можете да го поврзете првиот на вашиот телевизор преку HDMI, можете да ги играте игрите на голем екран.

https://intellivision.com/

Има само две игри достапни на Amico Home во моментот,  Missile Command од 1980 година и Astrosmash од 1981 година. И двете се оригинални наслови на Intellivision. И покрај тоа колку се стари тие игри и фактот дека Amico Home е во бета верзија, Intellivision некако смета дека е добро да се наплатат 15 долари за нив и ја нарекуваат апликацијата „пристапен начин за уживање во семејната забава за игри“.

https://intellivision.com/

Оние кои однапред ја нарачале конзолата можат да добијат кодови за преземање на Amico Home за одредени игри, но тоа нема многу да му помогне на Intellivision. Изгледа многу малку веројатно дека Amico Home ќе биде блиску до генерирање доволно приходи за Intellivision да го направи Amico реалност. Котаку го испроба Amico Home и го нарече „една непријатна глупост“. Сепак, Intellivision се надева дека апликацијата барем ќе биде доволно успешна за да обезбеди инвестиции за конзолата.

„Нашата способност да започнеме со обемно производство на конзоли на Amico бара обезбедување дополнителни инвестиции“, се вели во соопштението на Intellivision. „Објавувањето на Amico Home нè става на подобра основа да привлечеме такви инвестиции или на крајот да го финансираме производството од приходите од продажбата на игри Amico Home. Остануваме посветени на придвижување на Intellivision напред, чекор по чекор, додека не можеме да ја исполниме целосната визија на Амико, вклучувајќи ги и конзолите“.