3Д игри од 90-тите кои и ден-денeс изгледаат добро
Долго очекуванта транзиција од 2Д (дво димензионална) графика во 3Д својот вистински подем го доживеа со појавата на домашните играчки конозоли пред се од петтата генерација во средината на 90-тите години. Од оваа генерација најпознати играчки конзоли со 3Д графички можности се: PlayStation, Nintendo 64 и SEGA Saturn и за нив ќе наведеме некои наслови кои и ден денес изгледаат визуелно добро.
Појавата на 3Д игрите ни одалеку не беше едноставна работа бидејќи обработката на 3Д графика бараше моќен хардвер, но и иновативни методи за конструкција на програми кои би биле компатибилни со постоечките хардверски способности на самите играчки конзоли. И очекувано, првите 3Д игри кои се појавија не пленеа со импресивни графички прикази како што бевме навикнати да гледаме кај дво димензионалните игри, но сепак иако повеќето игри беа грубо изработени со остри полигони и лоши текстури сепак тоа беше една своевидна револуција во историјата на видео игрите и 3Д технологијата сама по себе доживеа огромен подем.
Прашањето денес кои сигурно многу од вас си го поставувате е тоа дали во сегашно време овие игри ќе ви бидат импресивни како првиот пат кога сте ги играле. Лично според мене сега во 2023 година има игри кои искрено неможам ни да ги гледам, а не пак да ги играм, и се чудам како ова ми делувало импресивно пред 20 и кусур години, за разлика од 2Д игрите на кои секогаш ќе им се восхитувам. Секако зборувам за графичкиот или визуелниот изглед на истите, едноставно некои игри имаат правоаглни кутии што треба да претставуваат тркачки автомобил со тркала изработени од груби полигони, навистина ужасно за гледање. Но впрочем голем дел од првите 3Д игри и во своето време не изгледале добро, бидејќи побарувачката за 3Д игри била голема, а и самата технолошка транзиција на студијата не била едноставна, немањето доволно исксутво, надополнето со кратките рокови за изработка придонесле да се појават голем број на лоши 3Д игри. Сепак овде ќе зборуваме за оние игри кои и денес изгледаат добро (да не речам импресивно) и ви пројавуваат желба повторно да ги изиграте и да уживате во нив исто како во старите добри времиња.
За почеток ќе почнеме со видео конзолата која буквално направи целосен потрес на пазарот и е главен виновник за експанзијата на 3Д игрите, а тоа е кој друг ако не Sony PlayStation. PlayStation како што напоменав погоре е видео конзола од петтата генерација и прв пат се појавува во 1994 година, истата е 32 битна и хардверски е послаба во споредба со Nintendo 64, но иновативните програмери успеваа да го извадат максимумот од оваа конзола и да ни подарат незаборавни наслови. Колку да биде јасно, ќе обработуваме исклучиво 3Д игри (без игри кои имаат 2Д визуелен стил, како на пример Syphony of the Night и слично) и бидејќи се многу ќе издвоиме само дел од нив, сепак оваа класификација е и прашање на субјективно мислење, така да не ни земајте за зло ако нешто пропуштиме или пак сме го ставиле на листата.
Па да започнеме:
TEKKEN 3 е наслов кој е еден од најдобрите во својата серија. Моментот кога се појави на пазарот едноставно сите како да заборавија на Street Fighter, MK и други. Во тоа време навистина играта визуелно делуваше одлично, но и самиот гејмплеј беше скоро совршен. Денес често знам да изиграм по некоја партија и навистина не ми пречи како изгледа истата, едноставно обожавам да дробам во survival mode 🙂
Legacy of Kain: Soul Reaver оваа игра го користи максимумот на PS и игледа одлично! Готската тематика, преминот од еден во друг свет, акцијата, физиката на движење и самата приказна го прават овој наслов навистина да биде незаборавен и до ден денес.
Wipeout 3 Денес иако визуелно можеби не изгледа којзнае како, сепак оваа игра е една од најдобрите тркачки игри на PS, ако сакате брзина верувајте нема да ви пречи појавата овде и онде на некој груб полигон прекриен со лоша текстура.
Final Fantasy 7/8 се едни од најдобро изработените визеуелни игри за PlayStation, дури и денес анимациите во игритe делуваат инспиративно.
Gran Turismo 2 играта изгледаше добро тогаш, а и сега изгледа добро, ако сте љубители на тркачки игри сигурно оваа ви е една од омилените заедно со NFS серијалот.
Tony Hawk 2 оваа игра ја играм сеуште без никаков проблем, графички делува солидно и слично како и кај Wipeout кога ќе се заиграте не обрнувате многу внимание на некои визуелни неправилности.
Листата за PlayStation е навистина голема, но треба да им дадеме шанса и на останатите две конзоли. 🙂
Nintendo 64 доаѓа на пазарот во 1996 година и заедно со PlayStation придонесува за експанзијата на 3Д игрите. Иако не постигна голем успех како нејзниот главен конкурент сепак за оваа платформа се издадоа незаборавни наслови кои и денес се играат и се предмет на дискусии.
The Legend Of Zelda: Ocarina Of Time што да кажам друго за оваа игра а де не се повторувам. Една од најдобрите игри некогаш направени, одлична графика, визуелно волшепство што ве телепортира во еден друг свет. Единствена и ненадмината!
Star Wars: Rogue Squadron и StarWars Racer беа едни од главните игри со кои Nintendo се рекламираше по разно разните списанија и каталози. Визуелно импресивни, бидејќи тоа и се очекуваше од нив во тоа време кога почнаа да излегуваат новите Star Wars филмови.
Jet Force Gemini оваа игра изгледаше прекрасно тогаш и неверојатно е тоа што истата е привлечна за око и до ден-денес.
Perfect Dark е духовен наследник на GoldenEye 007, графиката беше далеку подобра од 007. Резолуцијата речиси беше удвоена со Expansion Pak. Оваа игра изгледа прекрасно и денес. Perfect Dark не е само играта Nintendo 64 со најдобра графика, туку можеби е и една од најдобрите 3Д игри од тој период.
Donkey Kong 64 е прва игра која го користи Expansion Pak на N64 и е една од најубавите игри за оваа платформа. Има одлична механика и живописни детали.
Super Mario 64 сеуште се смета за игра која има еден од најдобро дизајнирани 3Д светови и механика на движење. Транзицијата на Марио игрите од 2Д во 3Д беше токму со овој наслов, и од Nintendo напаравија полн погодок со тоа што ни ја подарија една од најдобрите игри на сите времиња.
И како последен но секако не и заборавен го имаме SEGA Saturn, како PlayStation така и оваа конзола прв пат се појавува на пазарот во 1995 година. Но за разлика од PlayStation, Saturn е проследен со низа погрешни потези од страна на SEGA која не го искористи потенцијалот на својата конзола и не ја прикажа во вистинско светло. Иако располага со прекрасни 2Д наслови сепак тука зборуваме за 3Д технологијата која беше ветувана многу порано од страна на SEGA, за на крај да потфрли со својот Saturn!
Сепак ќе одвоиме неколку наслови кои вреди да се спомнат:
Sega Rally Championship е одличен аркаден порт, прифатлива графика и во сегашно време, обожавам да ја играм оваа игра и покрај тоа што е ограничена по бројот на расположливи патеки и избор на возила.
Nights Into Dreams како што имам пишувано и порано, оваа игра или ја сакате или не! Но истата визуелно иако не е на врвот сепак преку нејзиниот дизајн изразен со многу шаренило и секако уникатниот гејмплеј прават еден совршен спој кој пак прави оваа игра после толку време сеуште да изгледа добро.
Panzer Dragoon Saga е легендарна игра! Нема да лажам на моменти изгледа грубо, но сепак се смета за една од најдобрите игри за SEGA SATURN.
Можев да набројам уште некој наслов за Saturn, но искрено тоа што остана воопшто не ми делува визуелно убаво и секако тоа донекаде е и разбирливо, краткиот век и лошото менаџирање со конзолата си го направи своето.
За на крај, секоја игра си има своја убавина, без разлика дали е визуелно привлечна или не, секој си ги доживува игрите на свој начин и всушност тоа и е вистинскиот начин на кој што треба да се гледа на овие игри.