Atari XP најавува да извади досега необјавени наслови
Atari XP е издавач на колекционерски, односно физички игри кои биле започнати но никогаш официјално не биле објавени игри на Atari од 1970-тите и 1980-тите, но и некои ретки наслови кои претставуваат предизвик да се најдат во денешно време.
Кертриџите/касети со игри на оваа компанија се новопроизведени и се направени од висококвалитетни материјали и произведени според строги стандарди. Верзиите со ограничено издание ќе вклучуваат премиум пакување и додатоци кои ќе ги воодушеват колекционерите и љубителите на ваквите игри.
Игрите кои планираат да ги издадат се игри кои беа завршени, но никогаш не добиле официјално издание, или биле објавени само во ограничени количини, за кои физичките медиуми станаа исклучително ретки, па затоа е и тешко да се најдат.
Од оваа компанија најавуваат широк спектар на класични игри кои ќе имаат одредени мали подобрувања на графичкото прикажување за современите уреди и воедно подобрување на мазноста и прецизноста на контролите. Овие игри ќе бидат внимателно „реконструирани“, а потоа повторно објавени.
Дел од најавените наслови се:
- YAR’S RETURN
- SABOTEUR
- AQUAVATURE

