Заборавениот PlayStation контролер
Дали сте знаеле дека PlayStation 1 има три верзии на gamepad контролери. Оргиналниот модел PlayStation Controller, Dual Analog и Dual Shock.
Dual Analog (во средина на сликата) се смета и за прилично редок модел. Пуштен во продажба 1997год после само година дена во ’98 е заменет со DualShock кој ќе стане стандардна верзија во пакет со секоја купена конзола.
Карактеристичен по големината и ергономијата претставува идеален модел за возрасни играчи, потоа конкавните стикови кои се комплетно пластични и немаат гума која кај DualShock со тек на годините е склона на распаѓање и се разбира скриената функција со кој располага а тоа е Flightstick mode опцијата која е подоцна исфрлена кај DualShock моделот.
Со притискање на Аналог дугмето се бираат двете опции, Analog обележани со црвен односно Flightsick со зелен LED, мод кој своевремено претставувал замена за Flightstick Analog Joystick, официјалниот Сониев џојстик.
FlightStick функцијата е идеална за летечки симулатори како Ace Combat или Colony Wars и vehicle combat наслови како MechWarrior, Vigilante 8 и други.
DualAnalog единствено нема rumble функција односно добро познатите вибрации, барем не за европскиот и американскиот пазар, во моделите за јапонскиот пазар е присутна и таа функција меѓутоа само со еден мотор.