Останато

5-те најскапи игри за Atari 2600

Како одминуваат годините цените на физичките игри за постарите видео конзоли од ден на ден растат и нивната вредност се зголемува.

Потребно е многу напор и финансии за приватните колекционери да најдат ретки и уникатни игри и тоа се однесува за секоја видео платформа, но конкретно овде ќе видиме кои се петте најскапи игри за Atari 2600.

5. Pepsi Invaders (3.500 $)

Pepsi Invaders е клон на Space Invaders направен од компанијата Coca-Cola. Во оваа игра, играчите уништуваат бродови на кои го пишува името на главниот конкурент на ‘Кока-Кола’, а тоа секако е ‘Пепси’ Направени се само околу 125 примероци, а компанијата ги даваше бесплатно за време на конвенциите, поради што Pepsi Invaders е една од највредните игри на Atari 2600. Цената на оваа игра се може да достигне и до 3.500 долари.

4. Eli’s Ladder (5,500 $)

Eli’s Ladder е уникатна и најретка едукативна видео игра што постои. Играта беше развиена и објавена од Simage во 1982 година и, како и повеќето наслови на Atari 2600, играта е едноставна. Играчите мора да вршат основна аритметика за да му помогнат на вонземјанинот Ели да се искачи назад во неговиот вселенски брод и да си оди дома.

Она што го прави Eli’s Ladder толку посакувана колекционерска игра е фактот што кутијата доаѓа со десетина различни додатоци како налепници, работни листови, ѕидни постери, упатства и многу повеќе. Така, додека кертриџот сам по себе вреди многу, колекционерите ќе платат уште повеќе за верзијата во кутии која сè уште ја има секоја последна налепница.

Цената се движи од 2.000 долари само за играта, 5. 500 долари за комплет со кутија и 8.000 долари за нова (воопшто неотпакувана кутија).

3. Out of Control ( 6,000 $ )

Авалон Хил e компанија за борд (board) игри која реши да се занимава со издавање видео игри токму во моментот кога индустријата за видео игри го имаше својот најголем пад (почеток на 80-тите години). Тогаш тие ја создадоа Out of Control, и истата како игра, не е ништо посебно. Играчите едноставно летаат со брод низ вселената и потоа го спуштаат за да ги завршат мисиите. Сепак, благодарение на лошиот тајминг на компанијата, секој примерок на оваа игра на Авалон Хил е вистинска реткост, а Out of Control е една од најретките игри за Atari 2600.

Цената се движи од 380 долари до 6.000 долари за комплет во кутија.

2. Red Sea Crossing (10,500 $)

Приказната зад оваа игра е исто толку мистериозна како и библискиот настан што ја инспирирал. Стив Слек од Inspirational Video Concepts ја развил Red Sea Crossing и го прикажува Мојсеј како го разделува и минува низ Црвеното Море додека го напушта Египет. Компанијата направи само 100 примероци и сите тие навидум исчезнаа без трага. Ќе бидат потребни 30 години за повторно да се појави „Red Sea Crossing“, а дури и сега се знае дека постојат само две оригинални копии. Еден примерок беше продаден во 2012 година за 10.400 долари. Според PriceCharting, единствената продажба оттогаш била римејк продаден на eBay за 137,06 долари.

1. Air Raid (33,433 $)

Комплетната верзија на овој shoot-em-up во кутија е продадена за многу повеќе од 30.000 долари. Интересниот дизајн на кертриџот во ‘Т-форма’ е голем придонес за оваа вредност и објаснува зошто дури и кертриџот сам по себе вреди апсолутно богатство. Се случија помалку од пет продажби на оваа игра, што ја прави Светиот Грал за колекционерите на Atari 2600. Иако обликот на кертриџот има практична вредност (гејмерите можат да го користат како рачка за да го приклучат и да го извлечат од конзолата), тој е исто така многу редок, а развивачот Men-A-Vision го создал само Air Raid. Заедно, овие фактори објаснуваат зошто Air Raid е најскапата игра Atari 2600 на планетата.

Air Raid со својот уникатен кертриџ