Новости

Најново од McDonald’s, тетрис во облик на пилешки nugget (нагет)

По повод 40 годишнината на McDonald’s chicken nuggets (пилешки нагет) од оваа компанија објавија тетрис лцд игра во форма на овој нивниот популарен производ.

Не е прв пат од страна McDonald’s да видиме разни лцд игри кои се продаваат заедно со нивните оброци, но овој пат самата форма на оваа играчка е прилично интересна.

Првата промоција ја имаше во Кина на 25 Мај и се продава по 4.25 долари, и моментално може да се најде исклучиво во Кина или на Еbay / AliExpress по неколку пати поскапа цена.

Самата игра како што спомнавме е тетрис со “модерен изглед”. Во долниот десен агол се гледа логото McDonald’s, но и покрај шпекулациите дека ова е не лиценцирана верзија на играта, компанија од овој калибар сигурно нема да се дрзне и да направи таква грешка. Така да сигурно од McDonald’s поседуваат одредени права да вршат дистрибуција на една од најпопуларните игри некогаш направени.

Засега оваа игра е ексклузива само за Кина, и според официјалните информации во оптек се околу 400.000 примероци без план да се прошири продажбата надвор од оваа земја. Па ако сте колекционер на овие игри, и ако не ви пречи да чекате достава и притоа да платите преку 20 долари за речиси обичен тетрис тогаш побрзајте и купете едно, додека сеуште ги има. 🙂