Ова е најмалиот контролер кој воопшто постои
Овој малечок контролер дело на Redherring32 е можеби најмалиот контролер кој воопшто сте го виделе , барем така тврди креаторот.
Redherring32 се занимава со разни модификации и е добро познат во ретро/модинг заедницата.
Името на овој микро контролер е PicoPad и целосно компатибилен со Nintendo NES, но да играте на него е вистински предизвик.
Овој проект е со отворен код и е достапен за сите, но ако мислите дека е доволно тешко да играте на него пробајте да направите еден.
Сепак креаторот заслужува пофалба и поени за неговата имагинација, бидејќи секогаш е интересно да се видат вакви работи, па макар и да не се целосно употребливи. 🙂