Топ 5 урбани легенди поврзани со видео игри
Во светот на видео игрите постојат различни урбани легенди/митови кои најчесто се поврзани со теории на заговор и притоа истите може да бидат чудни, морничави или забавни теории кои имаат за цел да ја активираат вашата имагинација. Во овој прилог издвоивме пет познати урбани легенди поврзани со ретро игрите кои делуваа поинтересни од останатите.
5. Проколната Mario 64
Најмногу урбани легенди има поврзани со игри кои поради одредени глитчови или оштетувања прикажуваат неправилности во графиката и звукот, но оваа легенда поврзана со Mario 64 е навистина морничава. Приказната започнува кога некој купил користена копија од оваа игра и се обидел да ги избрише зачуваните датотеки на истата, неколку од нив се избришале, но кога се обидел да ја избрише првата датотека тогаш играта почнала да се “однесува” чудно, прво се слушнал силен глас на телевизорт, нешто налик вриштење. Откако ја приклучил играта повторно, првата датотека сеуште била тука и покажувала 66 ѕвезди што претходно ги немало! Од интерес човекот што ја купил одлучил да ја активира зачуваната дадотека и тогаш се пуштила некоја поинаква верзија од Mushroom Kingdom. Додека замокот бил на своето место, се друго било забележително погрешено. Светлите бои на играта биле заменети со затемнето небо и ‘рѓа-црвени прскања ги покривале ѕидовите на замокот. Пред да напредува многу подалеку во играта видел тело кое паднало од никаде, тоа било телото на Марио, делувало очигледно измачено, било со зашиени очи и уста. Останатите ликови исто така биле изобличени и морбидни. Колку е сето ова вистина останува мистерија.
4. Садам Хусен и неговиот план за масивно уништување со помош на PlayStation 2
PlayStation 2 со својот 32-битен процесор беше прилично моќна видео конзола на почетокот на 21 век и според урбанта легенда владата на Ирак во 2000 година купила илјадници PS2 единици за да дојде до евтина и високо развиена технологија. Целта била да се искористи оваа технологија за создавање на оружје кое би се користело за масивно уништување. Но, никогаш не било потврдено дека ова е точна инфомрација или тоа дека хардверот на PS2 бил користен за било какви воени цели.
3. Star Fox пилотите се всушност киборзи
Оваа урбана легенда вели дека пилотите на добро познатата игра Star Fox (Star Wing) имаат механизирани нозе, односно истите им биле ампутирани и заменети со роботски (како што може да се забележи на насловната слика од самата игра). Причината поради која им биле ампутирани нозете е навистина бизарна, за пилотите да можат поефикасно да маневрираат при висока Г- сила или гравитациона сила добиле механизирани нозе кои пак немаат проблем да функционираат при екстремни услови. Според еден од креаторите на играта ова е само една невкусна измислица и нема никаква вистина во неа.
2. “Дувањето” во Nintendo кертриџите прави истите да проработат
Кој имал Нинтендо на кертриџи сигурно има “дувано” во слотот од играта за истата да проработи. Е сега, иако на нив убаво си пишува да не го правите тоа, сепак скоро и никој да не се придржува на тоа што е напишано. Најголемиот проблем што игрите не работат е поврзан се пиновите кои пак со тек на време од премногу користење се трошат или пак собираат нечистотија. Ако дувнете воздух врз нив може само да одстраните малку прашина од самите пинови (ако воопшто ја има), но всушност ништо значајно нема да промените. Така да ова е само урбана легенда и не е технолошки издржана.
1. Аркадната машина на ЦИА за контрола на умот
Не е тајна дека многу урбани легенди се само влакно оддалечени од теориите на заговор, а приказната за Полибиј (Polybius) ги премостува како ретко која друга. Оваа легенда датира од раните 1980-ти, кога аркадни кабинети за играта наречена Полибиус биле доставени во предградието на Портланд, Орегон. Играчите се собрале да ја видат новата игра со многу стробинг ефекти и извртени визуелни слики, што наводно ги навело некои да доживеат проблеми со менталното здравје, како што се халуцинации, амнезија и други здраствени проблеми. Според легендата се вели дека ЦИА стои зад сето ова, и тоа преку собирање на податоци за играчите со аркадната машина и користејќи технологија за перење мозок со цел да ги зарази умовите на младите посетители на аркадните играчници. Според официјалните податоци оваа игра никогаш не ни постоела, постои само нејасна слика која се претпоставува дека е скриншот од самата игра, повеќе детали за овој мит може да се најдат во книгата The Legend of Polybius.