Атари најавува нова рачна конзола, тв конзола и мини аркадна игра
Веста дека Atari е во соработка со My Arcade и дека ќе издадат три нови уреди е официјално потврдена на нивните твитер профили.
Се работи за следниве новитети: рачна конзола, тв конзола и мини аркадна машина (My Arcade).
My Arcade Atari Pocket Player
Рачната кознола My Arcade Atari Pocket Player претставува мал уред кој визуелно делува многу привлечно. Сигурно дека ќе има повеќе вградени класични Атари игри и треба да биде премиум модел кој сигурно ќе биде произведен во ограничен број.
Цената за сега не е потврдена, но се проценува дека ќе биде околу 60$.

My Arcade Atari Gamestation Plus
Тв конзолата My Arcade Atari Gamestation Plus е можеби и најинтересниот проект од соработката на овие две компании. Од Атари потврдија дека Gamestation Plus ќе има колекција на игри од повеќе нивни конзоли, како: Atari 2600, Atari 7800, Best of Atari Arcade и сл.
Ова не е прв пат од Атари да пуштат мини модел во продажба, но за разлика од нивните претходни изданија Gamestation Plus ќе биде премиум модел.

My Arcade Atari Micro Player
Micro Player ќе биде дел од добро познатата производна линија на My Arcade кои се познати по изработка на лиценцирани мини аркадни кабинети.
Најчесто овие мини аркадни кабинети имаат по една игра, но во овој случај најверојатно ќе има повеќе Атари наслови вградени во самиот уред. Според тоа се очекува и цената да биде нешто повисока и се проценува дека тоа ќе биде околу 60$, за кои би купиле мини аркаден кабинет со вградени 10-20 игри. Само една напомена, овие кабинети се навистина малечки, но целосно функционални, добри за краткотрајна забава. Сепак мене повеќе ми служат како декорација, а не како уреди на кои би играл повеќе од 10-тина минути. 🙂

Сите овие новитети од страна на Атари се добредојдени на пазарот, но нивниот претходен систем VCS некако не ги исполни очекувањата на компанијата. Се зборува за престанување на неговото производство или евентуално негова замена со VCS 2. За сега останува да видиме што точно имаат да понудат со новата Gamestation Plus конзола, дизајнот е навистина прекрасен, а и неофицијалната цена е прифатлива (што не беше случај со VCS).