10 Новогодишни/Божиќни игри
Во пресрет на новата година и божиќните празници избравме 10 видео игри кои се во духот на претстојните празници. Секако, главните тематики на овие игри се новогодишните украси и снегот (кој, за жал, засега го нема), но секогаш е задоволство да се играат следниве видео игри во овој период.
10.) Christmas Lemmings
Игрите Лемингс имаат за цел да играте и да ги спроведете хуманоидните леминзи преку препреките до одреден излез. Тоа може да го постигнете со вештините со кои располагаат самите Лемингси, како што се копање, градење скали и многу повеќе. Овој серијал е составен од повеќе наслови и е навистина заразна забава исполнета со разни загатки. Божиќните лемингси се оние со снег и празнично опкружување, а лемингсите носат облека како онаа на Дедо Мраз. 🙂
9.) Christmas Nights into Dreams
Оригиналната Nights into Dreams е екслузивна игра издадена за SEGA SATURN. Во играта вие ги контролирате Кларис и Елиот во светот на соништата каде што им помага насловниот лик, “дворскиот шут”, наречен Nights. Играта во основа вклучува контролирање на Nights додека лета наоколу собирајќи предмети, топчиња и ги победува непријателите. Оваа игра има малку невообичаен гемплеј, затоа или ја сакате или не!
Christmas Nights into Dreams има две нивоа, со божиќна тема, во основа таа е демо на оригиналната игра. Била објавена бесплатно во списанија или во комплет со други игри. Играта и ликовите се исти; сепак, графиката, нивоата и музиката се со божиќна тема. За разлика од Божиќните Лемингси, Божиќните ноќи во соништата додаваат повеќе од обична насловна тема со Божиќ. Има сосема нова приказна со главниот антагонист кој оживува, а децата од оригиналната игра повторно се придружуваат на Nights во потрага да ја вратат ѕвездата што седи на врвот на нивното дрво.
8.) Jazz Jackrabbit 2: The Christmas Chronicles
Jazz Jackrabbit 2: The Christmas Chronicles, е специјална верзија на Jazz Jackrabbit 2 е објавена екслузивно во Европа. Ова издание содржи епизода со три нивоа на тема Божиќ, како и уникатни нивоа за повеќе играчи. За разлика од изданијата на Holiday Hare од првата игра, ова не беше достапно како shareware, туку како целосно мало издание. Оваа верзија го користи енџинот 1.24 од изданието Secret Files и затоа ги додава сите нејзини ажурирања, вклучувајќи го и додавањето на Lori Jackrabbit како лик што може да се репродуцира. Ја вклучува и Jazz Creation Station, која не беше достапна во оригиналниот Holiday.
7.) TUX Racer
Tux Racer е снежна тркачка видео игра со open source код од 2000 година во која главната улога ја има маскотата на Линукс, пингвинот Тукс. Во играта, играчот го контролира Тукс додека се лизга по патеката од снег и мраз собирајќи харинга. Едноставно ја обожавам оваа игра, почнувајќи од прекрасните снежни пејзажи низ кои глатко се лизгате, па се до одличната музика.
6.) Die Hard Trilogy – Die Hard 2
Значи не може ни еден Божиќ и нова година да помине, а да не се спомне Die Hard франшизата. Овој пат тука е пукачката игра Die Hard Trilogy – Die hard 2 за PS1. Скоро го играв овој наслов и ќе речам дека е навистина добра игра, секако доколку не ви смета релативно лошата графика, но играва е вистинско уживање, самиот гемплеј е течен и не ве заморува, само пукате и тоа е тоа!
5.) The Nightmare Before Christmas: Oogie’s Revenge
Следната игра е нешто малку поразлична. The Nightmare Before Christmas е приказна која комбинира судир меѓу световите на Ноќта на вештерките и Божиќ, филмот „Кошмар пред Божиќ“ ужива трајна популарност, а повеќе од 10 години по неговото објавување, висококвалитетниот развивач Capcom создаде акционо-авантуристички наслов на PS2 во кој како херој Џек Скелингтон, играчот мора да го спаси не само Божиќ, туку и сите празници. Дедо Мраз е вмешан, иако главниот лош е духовникот Уги Буги. Иако играта доби просечни критики, е поразлична од останатите и може да ве забавува во претојниот период.
4.) Duke Nukem: Nuclear Winter
Дјук Нукем: Нуклеарната зима е премиса толку бизарна што мора да биде на оваа листа.
Вонземјанската орда поразена во оригиналната игра се врати и овој пат му го има испрано мозокот на Дедо Мраз 🙂 . Покрај тоа, Дјук мора да се соочи со нови непријатели познати како феминистичка милиција на елфовите и слично. Дјук мора да оди на Северниот Пол за да го спречи Дедо Мраз и злобните вонземјани да го завршат нивниот ѓаволски план.
3.) Home Alone
Слично како и со Die Hard за време на новогодишните празници мора да се спомне и Home Alone, во овој случај верзијата за SEGA Mega Drive. Играта во основа го следи филмот. Кевин мора да ги спречи The Wet Bandits да крадат скапоцености. Меѓутоа, во оваа игра Кевин треба да ги заштити сите куќи на неговата улица. На крајот ќе се појават полицајците и ќе го спасат денот.
2.) James Pond II: Codename RoboCod
Е сега кој не ја играл оваа игра мора да ја проба! Едноставно играта е фантастична, барем мене ми е 🙂 Графиката е одлична, самата игра го прави секое ниво поинтересно од претходното. Играта е типичен платформер со неколку пресврти. Има 50 нивоа во сите, освен овој пат, Џејмс Понд има роботско одело (оттука и поднасловот на робокод) што му овозможува да го истегне стомакот низ поголемиот дел од екранот.
1.) Batman Returns
Што да се каже за оваа игра освен тоа дека е една од најдобрите игри за SNES, уште првиот пат кога ја видов веднаш ми стана една од омилените. Како голем љубител на филмовите на Тим Бартон, сметам дека играта ја има доловено суштината на Batman Returns, најдоброто нешто во оваа игра е атмосферата. Тематиката е “темна” како во филмот, во иронична симбиоза со божиќните и снежните украси. Плус, ремиксите на SNES на саундтракот на Дени Елфман се одлични.
За крај, РЕТРОТЕКА ви посакува среќни и весели претстојни Новогодишни/Божиќни празници!