Новости

Се шират гласини деке SEGA работи на нова 2D Sonic игра

Во изминатиов период преку филмското платно SEGA успеа повтроно да ја актуелизира својата маскота Sonic. Па не ни чудо што почнаа да се шират различни гласни за тоа дека издавачката куќа на SEGA работи на нова Sonic игра која ќе биде во 2D (дво димензионална) графика.

Sonic Origins, компилација составена од неколку игри: Sonic the Hedgehog, Sonic the Hedgehog 2, Sonic the Hedgehog 3, Sonic & Knuckles и Sonic CD ќе биде лансирана и достапна на Switch следниот месец, но ако гласините за новата игра се точни, тоа ќе биде првата 2D Sonic игра развиена исклучиво од Sonic Team после долго време.

Новата игра, наводно, треба да биде продолжение на игрите Sonic Advance и Sonic Rush, на ист начин како што Sonic Mania е продолжение (на некој си начин) на класичната постава од славните денови на Genesis / Mega Drive. Ќе можете да играте како Sonic, Tails и Knuckles, што го прави ова првиот „модерен“ наслов после Sonic Advance 3 од 2004 година кој ги содржи сите три ликови кои воедно може да се играат.

Со оглед на тоа што SEGA го става својот фокус на Sonic Frontiers, кој сè уште се планира да биде објавен во 2022 година, веројатно е дека новата 2D игра ќе излезе во 2023 година или подоцна. Се разбира, ако истата воопшто постои. 🙂