Tank Mouse – Нов AMIGA глушец!
Уште едно ново изненадување за љубителите на ретро хардвер неодамна се појави на Kickstarter. Овој пат станува збор за модерен бежичен глушец инспираран од дизајнот на добро познатиот Commodore Amiga 1352.
Tank Mouse е сосема нов компјутерски глушец кој под својот класичниот изглед крие модерна технологија. Танк глушецот ја спојува страста кон ретро-компјутерите и модерната технологија во еден сплет кој може да одговори на денешните потреби на работење. Оваа модернизирана верзија е безжичен оптички глушец, кој има панел на допир кој служи како скролинг лизгач и е поставен помеѓу двете копчиња. Уредот работи преку Bluetooth или 2,4 GHz, што овозможува поврзување со модерните компјутери, но уште поважно може да се користи со вашиот оригинален Commodore Amiga компјутер! Глувчето се поврзува директно со сите компјутери кои поддржуваат Bluetooth, или преку 2,4 GHz USB приемник. Иконскиот храбар дизајн го прави глувчето не само незаборавно, туку и погодно за корисниците кои се левораки.
Технички карактеристики:
- Colours: Black or White
- Optical Connectivity: Wireless, 2.4 GHz & Bluetooth 5.0
- Resolution: 1600 DPI
- Buttons: 2
- Scrolling: Touch scrolling area
- Mode switch: Bluetooth / 2.4Ghz /
- Power off Power: 2 x AAA batteries
- Size: 108 x 67 x 31 mm (4.25 x 2.63 x 1.22 inch) Compatibility: Amiga OS, Windows, MacOS, Linux
За да го поврзете уредот на оригинален хардвер потребно е да имате одреден дотаток кој за сега не е дел од самиот комплет, според креаторот ако кампањата помине успешно со секој нов сет купен во иднина ќе добиете и DB9 бежичен адаптер заедно со самиот глушец. Сега за сега мислам дека овие адаптери може да се набават од други места, како на пример ebay или некои останати специјализирани веб страни за ваков вид на технологија.
Испораката се очекува да започне во Ноември 2022 година и баш ќе биде интересно да видиме како ќе помине целата кампања.