Хардвер

Топ 5 Ретро Контролери!

Пред да започнам со набројување на тоа кои се топ 5 (пет) ретро контролери, би сакал да истакнам дека е ова мое лично согледување и искуство кое го имам стекнато низ годините. 🙂


Место број 5. SEGA MEGADRIVE

Зошто овој инзвонредно дизајниран контролер е на 5 место? SEGA Mega Drive конзолата е издадена во 1988 година, но само погледнете го овој контролер, со неговиот футуристички дизајн, не ми се верува дека ова парче технологија е старо 30-тина година, апсолутно делува како нешто што е произведено во 21 век!

Самата мат текстура на пластиката надополнета со сјајни кругови и украси едноставно плени со некој футуристички изглед, се споредено со овој дизајн (од тоа време) едноставно изгледа како детска играчка! Овој контролер има релативно големи димензии, но како дете мене лично тоа воопшто не ми пречеше, а притоа совршено лежи и во дланките на возрасен човек. Тоа значи дека од SEGA сигурно не таргетирале само деца туку и поширок спектар на купувачи како тинејџери и повозрасни лица.

Но и покрај овие позитивни карактеристики овој контролер има и големи недостатоци и поради тоа е на 5 место! Како прво би го издвоил распоредот на копчињата, истите се малку гломазни и поставени линеарно, што го зголемува времето на притискање и реакција, на пример од копче А до копче С има поприлична оддалеченост. Но сепак тоа не е најголемата забелешка, проблемот е во тоа што има само три копчиња, а во тоа време многу игри имаа повеќе контроли, а тоа најчесто беа фајтерските игри кои беа во подем. Подоцна овој проблем SEGA се обиде да го реши и издаде нова верзија, која беше помала, со плус три дополнителни копчиња и едно странично, но мене лично воопшто не ми се допаѓа тој контролер. Според мене дополнителните копчиња требаше да бидат додадени на оригиналниот модел and job done, но тоа не се случи! Затоа пак денес може да се најдат еден куп такви или слични контролери произведени од други компании и некои од нив се навистина одлични.


Место број 4. XBOX S

Многу размислував кој контролер да биде на четвртата позиција и на крај можеби малку контроверзно се одлучив за Xbox S верзијата. Нема да зборувам за првиот модел “The Duke” што изгледа како да држите ваган во рацете и притоа истиот доби многу негативни критики од сите страни и тоа при самиот старт на неговото објавување. Но, Microsoft излгеда многу побрзо си ја научи лекцијата од некои други компании и наредната 2002 година ја издаде помалата верзија S, која рака на срце е навистина добар контролер. Ергономски е добро дизајниран со одлични текстури и материјали на изработка, два аналози и малку чудно рапоредени четири странични копчиња за старт, селект и сл. Исто добра иновација е и можноста за лесно откачување на кабелот во случај да се сопнете на него или пак си најдува своја примена и во случај ако сте нервозен играч што влече и фрла контролери. 🙂

Технолошки напреден со многу опции и предности, но сепак е произведен во 2002 година кога нештата беа многу поразлични и понапредни од изминатите години, тоа му ја носи само четвртата позиција.


Место број 3. SNES

Што да кажам за овој контролер, освен само пофалби! Претпоставувам дека дизајнот на SNES контролерот потекнува од втората верзија на NES и нивниот “dog bone” конторлер. Одлична ергономија, совршено и природно лежи во рацете на играчот, лесен и комфорен за употреба.

За разлика од SEGA, Nintendo имаа малку поиновативен пристап и не ги повторија грешките кои ги направи SEGA. Односно додадоа четири главни копчиња, едно за селект и уште едно за старт и можеби најважната работа што ја направија е додавањето на странични копчиња R и L. Овој концепт подоцна ќе стане стандард за сите контролери кои ќе излезат во иднина. И ако веќе мора да најдам некоја ситна забелешка, тоа е би било материјалот на главните копчиња, односно самата пластика. Некако се премногу сјајни и прстот се лизга лесно по нив, а самиот удар при притискање е некако плиток, но можеби тоа е само мое искуство. Во секој случај ова е еден прекрасен контролер!


Место број 2. PlayStation Dual Shock

Е сега сите сигурно се прашувате зошто овој контролер не е на прво место! 🙂 На кратко, не е на прво место бидејќи оригиналниот контролер за PS беше инфериорен во споредба со овој модел, но и фактот дека им требаше реалтивно долго време за да го извадат овој модел, односно во 1997 год, скоро три години подоцна од ланисрањето на конзолата. Но овој е моделот кој ја промени целата индустрија со неговото појавување. Контролер што има вградени вибрации, е тоа веќе беше нешто! Овој контролер не беше само една здодевна рачка, Dual Shock моделот нудеше едно сосема поразлично искуство. Одлични димезнии, доволен број на копчиња, од кои дополнителни две странични, и не еден, туку две аналог контроли (стикови). И како што напоменав, опција да вибрира додека играте, возите, пукате и слично.

Колку е добар дизајнот говори и фактот дека од SONY го користеа скоро истиот уште две генерации подоцна, (PS2 и PS3). Едноставно тоа што е добро нема потреба да се менува!


Место број 1. GameCube

Од секогаш ми се допаѓало тоа што од Nintendo имале храброст да експериментираат со различни дизајни. Така беше со контролерот на N64, необичен да речам чуден дизајн, кој или ви се допаѓа или не! Но со GameCube беше нешто поразлично, како дете немав ваква конзола или контролер, но подоцна кога набавив веднаш го засакав овој контролер.

Има уникатен облик и многу елементи, двоен аналог, странични копчињата чувствителни на притисок и уникатен распоред на главните копчиња. Едноставно само што ќе го земете овој контролер во раце веднаш се чуствува разликата, и тука би ги истакнал страничните копчиња, навистина се одлични и нудат посебно искуство додека ги притискате. Вреди исто да се напомене дека некои контролери го усвоија/превзедоа неговиот распоред на аналогните стикови, да не ги именуваме сега јавно, сигурно погодувате кои се. 🙂 Контролерот на GameCube продолжи да опстојува дури и кога беше прекинато сериското производство на конзолата, добивајќи различни надградби на неговите последователни наследници. Години по прекинот на GameCube, Nintendo официјално повторно го објави контролерот, со меѓународното лансирање на четвртиот и петтиот дел од серијата Super Smash Bros, Super Smash Bros.