Новости

Zelda – (Ocarina of Time) рекреација на езерото Хилија

The Legend of Zelda: Ocarina of Time една од најдобрите игри некогаш направени, денес доживува неверојатни рекреации преку Unreal Engine 5.

Ако веќе не сте го гледале претходното видео на RwanLink – каде се прикажува одлична рекреација на селото Какарико кое беше издадено на крајот на минатата година, од самоукиот Unreal уметник сега истиот објави видео со сцени од поглед на езерото Хилија.

Иако моделите и анимацијата можеби сакаат одредена доработка, едноставно сцените од околината го одземаат здивот. Исто така, вреди да се напомене дека овде не станува збор за вистинска игра, тоа е повеќе како концепт – и она што ќе го видите на видеото подолу е долга сцена проследена со приказ на Линк како трча наоколу и ја истражува околината. Само немојте да очекувате оружје, борби, непријатели, или нешто друго слично. 🙂

Според авторот истиот сакал да го рекреира познатото езеро Хилија. Ова езеро според него е прекрасно и полно со мистерии, па затоа сакал да го рекреира ова чувство замислувајќи како може истото да изгледа во еден визуелен филм.

Во секој случај би сакале наскоро да видиме целосна верзија на играта со ваква или можеби и подобра графика, е тоа би било нешто специјално, нели?