Хардвер

Гембојот што преживеа експлозија од бомба!

За време на заливската војна кога касарните на америчката војска биле бомбардирани 1990-1991 година, овој GameBoy се нашол токму во тие објекти.

Бил во сопственост на воениот болничар Стефан Скогингс и неговата барака била погодена од бомба, од која притоа узбувнал силен пожар кој уништил скоро се што се најдувало во истата. Кога Скогингс го пронашол неговиот GameBoy тој бил речиси целосно уништен, или барем така се чинело на прв поглед. Од љубопитност пробал да му стави игра и да провери дали ќе работи и за чудо конзолата сеуште работела!

И покрај тоа што гембојот претрпел видливи физички оштетувања, надворешното куќиште било тешко изгорено и матичната плоча можела да се види како е искривена, а и дел од копчињата всушност не работеле, освен старт и селект, сепак системот се вклучува добро и притоа нема проблем да се приклучи игра.

Подоцна Скогингс им пишал на Nintendo за самата случка и истите му пратиле нова замена. Денес овој примерок е изложен во Nintendo NY во Центарот Рокфелер и е приклучен на адаптер за посетителите да видат дека навистина ова парче хардвер сеуште работи и до ден денес.