XBOX

Microsoft Xbox
Со објавувањето на PlayStation 2 кој покрај главната примена има функционалност за репродукција на DVD филмови, Мicrosoft ќе се почуствува загрозен со можноста персоналните компјутери да го изгубат приматот како центар за забава и конзолите да го заземат местото во дневните соби така што тогашниот челник Бил Гејтс одлучува да се почне со развивање на своја играчка конзола.
Конзолата ја има својата премиера Ноември 2021 во САД и неколку месеци подоцна во останатите земји продавајќи импозантна бројка на самиот старт од 1.5 милиони примероци, потпомогнато благодарение на хитот Halo: Combat Evolved кој ќе ги собере симпатиите на крајните конзументи.
Самиот Xbox во суштина претставува компјутер од затворен тип. Во него се наоѓа Intel Pentium III на 733Mhz, додека за графиката е задолжена Nvidia која ќе направи свој чип под кодно име X-chip кој во суштина претставува појачана верзија на GeForce 3 со 64MB.
Xbox e и прва конзола која доаѓа со вграден Хард диск од 8 односно 10GB кој служи за инсталирање на одредени игри, зачувување на сејвови како и можноста за користење на онлајн сервисот Xbox Live кој претставува значајна функционалност и прва модерна платформа за онлајн гејминг.
Благодарение на моќниот хардвер мултиплатформ игрите на оваа конзола се најчесто супериорни со подобри текстури, побрз фрејмрејт и подобри анимации што ја прави оваа конзола мошне примамлива.
Како куриозитет вреди да се спомене фактот што Microsoft за време на оваа генерација има мала соработка со SEGA која поради лошата продажба на Dreamcast хардверската дивизија ќе банкротира и ќе биде приморана да се насочи само на изработа на софтвер. Како партнер ќе се пронајдат со Microsft кој со Xbox ќе им биде овозможи пласман на нивните наслови на западниот пазар со што воедно и ќе конкурираат на Sony. Резултат на тоа се неколку мошне добри наслови кои можат да се искусат само на оваа платформа.
Xbox ги исполнува сите очекувања кој и покрај прилично слабата продажба од 24 милиони во однос на PlayStation 2 сепак ќе си најде место на пазарот, дополнително утврдувајќи се како играчки бренд кој во иднина само ќе расте напред и со што ќе се докаже со неговиот наследник Xbox 360.