SEGA

SEGA Master System

После кризата од 1982год која ја зафаќа индустријата за видео игри во Америка и падот кој ќе повлече многу компании а пред се Атари, на другата страна од светот, во Јапонија видео игрите и платформите за нив се во постојан раст и набрзо го превземаат пазарот па така Нинтендо ќе го заземе приматот со својот NES меѓутоа тука е и уште една компанија за која ќе се створат услови полека да заплови на светски пазари. Се работи за SEGA и нејзиниот SEGA Master System.
Дериват и подобрена верзија на постоечкиот SEGA MarkIII тогашен актуелен модел на Јапонскиот пазар.

Претставен 1986год во САД, или 6 месеци после NES, SEGA Master поминува во сенка покрај неговиот конкурент од Nintendo. Иако SMS e хардверски подобра конзола која испорачува поквалиетни бои од NES, сепак квалитетот на игрите и недоволната разноврсност ќе бидат од пресуден фактор. Дополнително конзолата добива неколку лоши портови од популарните игри на SEGA за автомати и аркади што дополнително ќе им наштетат во угледот.
Па така 1987год. SEGA одлучува да им ги даде правата за Master System на америчката компанија за играчки Tonka водени од фактот дека така ќе имаат подобра дистрибуција и директен пласман пред најмладите купувачи. За жал неискуството на Tonka во менаџирање на електронски уреди и нивната незаинтересираност дополнително ќе наштетат на SMS така што 1990год. SEGA ја враќа дистрибуцијата под своја капа истовремено издавајќи го моделот SEGA Master System II, поевтина варијанта од истиот модел со одредени визуелни измени.

SEGA Master System II

Од другата страна на барата, во Европа, ситуацијата е сосема поинаква. SEGA e препознатлив бренд и сосема добро поминува со продажба така што на кратко во 1990 ќе биде и најпродавана конзола во Европа.

И покрај тоа што ќе помине во сенка на својот конкурент Nintendo, SEGA Master System претставува добра конзола со солидна бројка на забавни и квалитетни игри, меѓутоа пред се конзола која ќе креира верна публика на играчи кои ќе претставуваат база за нивниот можеби најуспешен проект SEGA Mega Drive/Genesis.