PlayStation

Sony PlayStation

Се до средината на 90тите. Јапонскиот електронски гигант Сони е присутен на пазарот за видео игри само како произведувач на одредени делови за Nintendo и SEGA. Една од тие соработки ќе биде и развитокот на CD додаток за SNES. Проблемот настанува кога поради несогласувања помеѓу Sony и Nintendo проектот згаснува само неколку месеци пред неговата реализација со што Сони е оставен во незавидна позиција со половичен продукт и надвор од овој растечки пазар.
Сето тоа ќе биде тригер каписла за Sony да продолжи самостојно да развива своја платформа за играње која ќе прерасне во една од најголемите брендови за видео игри. PlayStation.

Конзолата е претставена Декември 1994 во Јапонија и година покасно 1995 во Северна Америка. Првично соочена со огромна конкуренција во време кога Sega Mega Drive, SNES и пред се новиот SEGA Saturn се веќе присутни на пазарот. Купувачите со голема резерва гледаат на конзолата и продажбата не им оди најдобро. Меѓутоа веќе 1996 работите земаат друг тек. Старата генерација на 16bit конзоли полека се повлекува a Sony склучува партнерство со неколку мошне јаки издавачи како што се Capcom, Konami, Taito, EA Games, Аctivision со што почнува и агресивно рекламирање кое ќе помогне конзолата да си го заземе својот пиадестал. До 1998 PlayStation e трипати попродаван од Sega Saturn. Игрите се супериорни и многу наслови кои почнале да се прават на двете платформи како Tomb Raider и Resident Evil, продолжуваат само на една, PlayStation. Сето тоа ќе ги принуди SEGA да ја прекина подршката за Saturn и да се свртат кон развиток на нова платформа.
Во меѓувреме Nintendo го исфрла Nintendo 64 кои и покрај подобрите технички карактеристики сепак нема ни блиску да се приближи до PlayStation, пред се поради лошата проценка (да се користат кертрици наместо CD-a како медиум) што ќе резултира еден од најзначајните издавачи SquareSoft своето портфолио да го префрли кај Sony со што PlayStation ќе се збогати со еден куп прекрасни JRPG наслови кои значително ќе придонесат за популарноста на таа конзола. Кон средината на 2000год. Конзолата доживува ревизија под името PSOne која претставува далеку помала верзија од својот оригинален претходник. Карактеристично за тој модел е што има LCD додаток што покрај минатурана големина ја прави оваа конзола мошне портабилна.

Со преку 100 милиони продадени примероци Sony PlayStation претставува една од најпродаваните конзоли на сите времиња и покрај NES една од најзначајните конзоли во историјата.


Sony PlayStation 2

Оригиналниот PlayStation се покажа како феноменален светски успех и го сигнализираше подемот на Sony во индустријата за видео игри така што наследникот беше неминовен.

PlayStation 2 e претставен Март 1999, оргинално како конкурент на Sega Dreamcast. Својата премиера ќе ја доживее 2000год. и веднаш ќе почне да доминира на пазарот ставајќи го Dreamcast во втор план. За тоа ќе придонесат техничките карактеристики а пред се тука е ДВД драјвот и можноста за пуштање ДВД филмови на самата конзола, што во голема мера ќе придонесе за популарноста. SEGA веќе наоѓајќи се во тешка финансиска ситуација со ова ќе и се зададе уште еден финален удар така што ќе биде приморана да ја згасне подршката за Dreamcast само 18 месеци од неговата премиера.
Toa ќе резултира PlayStation 2 да остане сам на пазарот како единствена конзола од 6-та генерација пред да се појават конкурентите GameCube и Xbox.
Од техничките карактеристики, PS2 има специјално дизајниран CPU под име “Emotion Engine” со брзина од 299Mhz како и GPU именуван “Graphic Synthesiser” со своите 4MB задолжен за графичките можности. PS2 e познат по тешкиот развиток на софтвер за него. Самиот код за развивање игри е премногу комплексен и доста незгоден за програмирање така што првично никој не ги знаел вистинските можности на хардверот. Со тек на време студијата го спознаваат хардверот така што визуелно и графички јасно може да се види дистинкција помеѓу првничните игри кои излагаат за оваа конзола и игрите кои се креираат при крајот на нејзиниот животен век.

Playstation 2  во 2005год доживува ревизија под име PS2 Slim. Моделот се одликува со далеку помали димензии, пред се поради исфрлањето на експанзијата за HDD како и измените во начинот на функционирање на ДВД читачот кој овој пат е редизајниран во top loader.

Конзолата останува актуелна и после претставувањето на нејзиниот наследник PlayStation 3, благодарение на огромната библиотека на наслови од сите жанрови, игри со неверојатен квалитет кој нудат сати и сати забава. Меѓу најдобрите би ги спомнале Final Fantasy X, Metal Gear Solid 3, Silent Hill 2, God Of War, Grand Theft Auto III, Devil May Cry, Gran Turismo 4 и многу други со што ја прават оваа конзола една од најдобрите ако не и најдобра конзола на сите времиња.
Тоа го докажува и фактот што PlayStation 2 e продаден во импозантен број од 150 милиони примероци и до ден денес претставува најпродавана конзола на сите времиња!!!