Nintendo

Nintendo Entertainment System (NES)

Nintendo Entertainment System (NES) е 8 битна играчка конзола на гигантот во играчката индустрија, Нинтендо. Појавата на NES претставува пресвртница во историјата на видео игрите, и систем кој ќе постави и дефинира многу стандарди.

Иницијално претставен 1983год. како Family Computer (Famicom) во Јапонија, и две години подоцна редизајнираниот модел NES за западниот пазар многу брзо ќе го окупира пазарот за видео игри нудејќи огромен број на револуционерни наслови кој ќе дефинираат многу жанрови и ќе се родат големите култни франшизи како Super Mario Bros, Legend of Zelda и Metroid


Контролерите со својот правоаголест дизајн земаат инспирација од рачните конзоли Game & Watch, а конзолата добива и неколку перферни додатоци како што се Light Gun и Power Glove

Интересен податок е тоа што за разлика од Јапонската top loader верзија, дизајнот на NES наликува на VHS плеер додека кертриџите од игрите се вметнуваат како видео касети. Ова е последица на скептицизмот кој го имаат Америчките дистрибутери во тоа време после падот на Атари и крахот на Видео Играчката индустрија од 1983 год. така што Нинтендо бил приморан да го маскира дизајнот и фактот дека се работи за уште една играчка конзола.
Конзолата на крајот од својот животен век добива и редизајн под името NES Control Deck


До 1990год. NES е продаден во 19 милиони примероци само во САД или преку 62 милиони на глобално ниво за период од 10 години, што претставува импозантна бројка за тогашниот млад пазар на оваа индустрија. Спрема некој статистики секое трето домаќинство во САД и Јапонија поседувале NES.
Конзолата денес претставува синоним за почеток на модерната гејминг култура и продолжува да живее низ плејадата добри наслови кои можат се искусат на оваа платформа.


Super Nintendo (SNES)

Super Nintendo (SNES) е наследник на неговиот претходник и мегапопуларен NES систем. Појавуваќи се на пазарот 1990год или прилично касно како 16итна конзола, Super Nintendo сепак ќе успее да издомнира и покрај големата конкуренција која ќе ја има од SEGA Mega Drive/Genesis во тогашната четврта генерација на играчки конзоли.


Конзолата е проект почнат уште во раните 80ти години. Првичната замисла на Нинтендо им била да издадат 16 битна конзола меѓутоа поради скапата технологија се одлучуваат за 8bit NES систем. Логично после доминацијата која ја имаат со NES, држејќи 90% од пазарот се одлучуваат за нов подобрен систем. Конзолата нуди мноштво технолошки подобрувања како што е богатата палета на бои кои можат се прикажат во исто време (256 наспрема 64 на Sega MD), супериорниот чип за звук на Sony како и можноста на вметнување додатни чипови во самите кертриџи што овозможуваат дополнителни графички перформанси. Конзолата може да се пофали со голем број на квалитетни акциони игри, тркачки и платформери како Mario Kart, Donkey Kong Country, Castlevania IV, Mega Man X, али пред се SNES се одликува по добрите ЈRPG наслови кои ќе придонесат за популаризација на тој жанр надвор од Јапонија, Final Fantasy, Chrono Trigger, Secret of Mana, Breath of Fire се само неколку од многуте за оваа конзола.


И покрај здравата конкуренција која SEGA ќе им ја зададе на Nintendo, сепак до крајот на 1999 успеваат да продадат нешто повеќе од 49 милиони парчиња. Можеби SNES не ја достигнува славата на својот претходник меѓутоа ќе остане запаметен како феноменална конзола со огромна библиотека на игри кои вредат да се искусат било на оргиналниот хардвер или преку многуте емулатори за истата


Nintendo 64

До средината на 90тите Нинтендо останува доминантен на пазарот за видео игри и покрај се поголемата конкуренција која почнува да никнува од сите страни со популаризацијата на овој вид на забава.
Во тој период исто така почнуваат да се воведуваат и нови стандарди како што е CD-медиумот кој ќе прерасне во главен носачки медиум за игри. Почнувајќи од додатокот за SEGА CD, па се до новите конзоли Sega Saturn и Sony PlayStation.
Нинтендо кој иницијално има во план да издаде CD додаток во соработка со Sony, но по неуспешната соработка и несогласувањето околу лиценцирањето на хардверот и софтверот ја отфрлаат идејата дополнително оправдувајќи ја со спорото читање на CD медиумот и нивното лесно пиратирање. Така што Нинтендо за својата следна конзола остануваат на кертриџ базирана конзола, потег кој ќе испадне дека бил погрешен и во значајна мера ќе наштети на продажбата на оваа нивна конзола.

Нинтендо 64 го добива своето име по 64bit Процесор кој претставува право технолошко изненадување во период кога конкурентите функционираат на 32bit CPUs. Дополнително Нинтендо прави успешна соработка со америчката компанија Silicon Graphics кој креираат специјален графички чип за оваа конзола. Развојот ќе придонесе за едно годишно закаснување зад своите конкуренти така што N64 ќе ја има својата промоција во Јуни 1996 во Јапонија односно Септември 1996 за Северна Америка. Европа и останатите земји ќе го добијат дури 1997год.

Првично продажбата им оди добро но одлуката за кертриџ базирана конзола почнува да си го зема својот данок. Многу издавачи почнуваат да мигрираат кон други платформи поради фактот што N64 кертриџите се одликуваат со значително мал капацитет од максимум 64MB простор, за споредба CD диск има капацитет 650MB. Дополнително тука е скапото производство и спората дистрибуција што ќе придонесе Nintendo да изгуби голем дел од своите third party игри и добро утврдени франшизи, како најголемa би ја спомнале Final Fantasy која со миграциајта на PlayStation претставува значаен удар за Nintendo. Дополнително тука е и стриктното лиценцирање кое кај конкурентите е далеку поедноставено.

Нинтендо 64 е продаден во 32 милиони примероци од кои дури 20 милиони отпаѓаат на САД.
Не може да се каже дека конзолата доживува фијаско меѓутоа Nintendo e далеку зад успесите кои ги имаaт со своите претходни конзоли.
Во секој случај Нинтендо 64 остава голема плејада да мошне добри наслови кои како што е Super Mario 64, Super Smash Bros, Perfect Dark, Conker’s Bad Fur Day, WaveRace 64, GoldenEye 007 и легендарните и едни од најдобр оценетите игри на сите времиња Legend of Zelda: Majora’s Mask и Legend of Zelda: Ocarina of Time
 


Nintendo GameCube

Nintendo GameCube e конзола од шестата генерација на конзоли во која припаѓаат Xbox и Playstation 2. Првпат прикажан во 2000, својата иницијална продажба ќе ја почне кон крајот на 2001год по цена од 199$.
По техничките можности GameCube се наоѓа помеѓу PS2 и Xbox. За обработка и калкулација на податоците е задолжен IBM-овиот 485Mhz Системски Процесор под кодно име Gekko, додека за графичките можности тука е ATI чип кои овозможува да се извршуваат сите потребни 3D особини како што се anti-aliasing, bump mapping, environment mapping, antistrophic filter, тектстурна компресија и сл.
GameCube e и прва конзола на Nintendo која ќе користи CD-a како медиум и тоа не било какви туку специјални miniDVD од 1.5GB сакајќи со тоа колку толку да се оневозможи копирање на истите што и ќе им успее до одредена мера со огледа на тоа дека пиратеријата за оваа конзола се појавува прилично доцна
За разлика од Нинтендо 64 кој цели кон помладата генерација, GameCube може да се пофали со богата библиотека на игри за сите возрасти, тука секако мора да се спомене Resident Evil серијалот кој ќе добие неколку феноменални ексклузиви за оваа платформа. Конзолата ќе остане во продажба се до 2007год со вкупна продажба од околу 22 милиони примероци што секако е разочарувачки за гигант како Нинтендо.
Многумината проблемот го гледаат во недостигот на добри third party наслови како што е Grand Theft Auto серијалот кој ќе ја одмине оваа конзола.
Сепак GameCube во својот животен век ќе изгенерира многу добри наслови како Metroid Prime, Zelda Twilight Princess, Zelda Wind Waker, Super Smash Bros Melee, Resident Evil 4, Tales Of Symphonia, Star Wars Rogue Squadron и многу други.


Nintendo Wii

Nintendo важи за една од најиновативните компании во играчката индустрија и со креирањето на оваа конзола ќе го докажат тоа воедно враќајќи го приматот на пазарот.
Уште при развојот на оваа конзола, директорот на Нинтендо, Сатору Ивата , сваќа дека не можат да се носат и да конкурираат со Sony и Microsoft по своите технички особини и конвецнионалниот пристап  па се одлучуваат на ризичен но мошне иновативен гејминг пристап кои очигледно ќе им се исплати.
Концептот на Nintendo Wii се врти околу неговиот безжичен контролер по име Wii Remote кои се одликува со motion tracking сензор кој во комбинација со сензор кој се поставува над или под вашиот телевизор го регистрира движењето на вашата рака со што се овозможува уникатно контролирање на игрите и едноставна но забава за сите возрасти. Поради прилично слабиот хардвер со кој се одликува оваа конзола кој впрочем по својата моќ претставува редизајниран GameCube, изработката на игри за оваа конзола е прилично евтина што ќе помогне за огромен број на издавачи да се насочат кон Wii, ако на тоа се додаде и евтината цена на самата конзола во споредба со своите ривали PlayStation 3 и Xbox 360, сето тоа ќе придонесе за огромен број продадени конзоли.

Wii пред крајот на својот животен век доживува и редизајн под името Wii Mini која претставува осакатена верзија без СД читач, УСБ порт, онлајн функционалност и видео RGB подршка

Ninteндо со оваа конзола се  враќа на голема врата докажувајќи дека не е се само во добрата графика и ефекти.
Продава нешто преку 100 милиони конзоли со што до денес претставува нивна најпродавана домашна конзола. Со ново воведениот стандард на контролирање на игрите ќе ги натера Sony и Microsoft да издадат свои верзии на motion контроли Playstation Move и Kinect за кои интересот трае кратко и набрзо стануваа заборавени.